Блокиран центарот на Скопје, пиротехничко шоу кај „Рекорд“ - се слави голем јубилеј

Навивачите на Вардар, популарните Комити вчеравечер го ,,раздрмаа” и блокираа центарот на Скопје во пресрет на утрешниот натпревар со саревски Железничар. 

Повод за спектакалот истовремено е и нивниот јубилеј и роденден во среда.

Голема група на вардарови навивачи, но и стотоци автомобили тргнаа со дефиле од Ново Лисиле, потоа направија пиротехничко шоу на Рекорд, а се упати и кон Карпош, да го одбележи и најави големиот јубилеј - 75 години од најтрофејниот македонски клуб. 

Инаку, Вардар и Комити во среда на Градски најавуваат вистински спетаткл. Засега се продадени голем број на билети, а се очекуваат и над 2000 Комити на западната трибина.