Блогер од Холандија: Скопје е импресивен град, а каноњот Матка е најубавото место кое задолжително треба да се посети

Том е блогер од Холандија чија најголема страст е патувањето. Во 2008 година, тој решил да тргне на пат околу светот и за 1 година успеал да посети 24 земји, патувајќи низ Северна до Јужна Америка, Нов Зеланд, Австралија и Југоисточна Азија. Вели дека патувањето го прави подобра личност.

Македонија била на рутата која тој ја посетил за време на својот престој на Балканот неодамна во текот на оваа година. Според него, и покрај многуте статуи во центарот на градот, Скопје е прекрасен град кој вреди да се посети.  

 

Највеќе импресии на својот блог тој споделува за Кањонот Матка, за кое вели дека е место кое задолжително треба да се посети во Скопје, дури и доколку сте во главниот град само на еден ден. Повеќето луѓе мислат дека единственото нешто кое може да се направи на Матка е возењето во бротче, но тоа не е вистина. Може да се посетат пештерите, да се посетат црквите и да се плива и пешачи.

Импресиониран од ова место во Скопје, за сите оние кои сакаат да ја посетат Матка, тој споделува кратки совети:

1) Не се наплатува влез.

2) Можете да направите обиколка во центарот за посети во одредено време.

3) Потребни ви се 10 минути за да стигнете од паркингот до почетокот на каноњот.

4)Можете да најдете неколку места за јадење.

5) Постојат и места за пикник, каде можете да донесете сопствена храна.

6) Постои ресторан каде можете да нарачате храна и пијалоци

7) Можете да изнајмите бротче, кајак, да ги посетите манастирите или да се качувате на планината.

8) Пливањето е возможно, но водата е прилично студена.

Повеќе за неговата посета на Скопје можете да прочитате на неговиот блог.

nike air max 1 sale