Близнаци : Хороскоп за јули 2017

Работа

Од 5 до 31 јули, Венера минува низ вашиот знак што ќе ве направи да бидете многу фини и љубезни.  Тоа ќе ви отвори врата за подобрување на вашата професионална соработка и остварување на финансиска добивка. Ќе имате корист од соработката со жени и личности кои се занимаваат со убавина, козметика, модна конфекција, но и комуникации.

Од 6 до 26 јули Меркур ќе минува низ вашиот знак Лав, што ќе овозможи контакт со личности кои се на важни позиции и имаат влијание, а тоа ќе ви помогне да ги остварите своите цели. Вие сами ќе се истакнете во својот настап пред другите, особено во деловните преговори.

Бидете внимателни со парите, особено на почетокот на месецот. Ве очекуваат многу непредвидени трошоци за кои нема да имате адекватно решение. Финансиски потешкотии ќе ве следат до 17 јули, по што ќе дојде до постепено подобрување.

Невработените Близнаци ќе имаат креативно решение како да дојдат до нова работа, а во тоа највеќе ќе им користат нивните комуникациски вештини.

Љубов

Ако сте во врска: Потребно е да покажете иницијатива и интерес за наоѓање решение за тешкотии кои ја нарушуваат вашата врска. Исто така е важно да покажете дека ги цените вредностите на вашата сакана личност. Дадете и комплимент и потсетете ја зошто ја сакате. Потребно ви е повеќе блискост.

Втората половина на месецот ќе ви донесе свежина во вашата емоционална врска и ќе го зацврсти односот меѓу вас и вашиот партнер. Потребно е повеќе време да поминете заедни и да осмислите како да го поминете заедничкото време. Заедничките излегувања, забави па и краток одмор можат да ви помогнат во тоа.

Ако сте слободни: Ќе се обидете да ја освоите личноста која ви се допаѓа, а притоа ќе бидете склони кон тоа да идеализирате и да не забележувате некои важни работи. Ако бидете премногу занесени и имате големи очекувања, лесно може да ви се случи непријатно да се изненадите кога ќе сфатите дека вашиот пристап и делува одбивно на другата страна. Затоа и важно е реално да ја согледате ситуацијата.

Дел од Близнаците конечно ќе се спојат со личност која сака да ги освои веќе некое време.

Здравје

Енергијата ќе ви биде во пад до 20 јули, што сугерира дека ви е потребно повеќе движење и физички вежби за да останете во добра форма. Тоа е важно и за да не доведе до пад на вашиот имунитет. Избегнувајте голем напор и физички и ментален. Внесувајте повеќе витамини,  а особено Б, Б12 и Е. Ќе ви годи калорична исхрана која во себе содржи месо, риба и морски плодови. Конзумирајте и повеќе овошје и житарици.