Блек фрајдеј - реални попусти или само трик за полнење на трговските центри!?

Американски црн петок ќе го зафати и Скопје.  Гужва турканици, колони возила пред  големите шопинг молови во градот, е само мал дел од она што се очекува. 

Праксата од минатите години вели дека оние потрошувачи кои прошетале по дуќаните велат дека цените се вискии, а попустите нереални. Дека црниот петок во Македонија не е како во останатите светски метрополи, велеа потрошувачите од лани. 

Велат во светото на овој ден потрошувачите можат да купат парче производ  по невообичаено  ниска цена додека кај  нас Black Friday малопродажните маркети од сите дејности  го користат како обичен маркетиншки трик  за да првлечат  повеќе купувачи.

Од шопинг моловите тврдат дека попустите се од 20 до 40 отсто, исто како и во другите метрополи.  

Во Америка Black Friday е веднаш после денот на блаgодарноста. Со овој ден се означува почетокто на големата божикна шопинг сезона и е најпрометен ден во малопродажбата. Не е прогласен за празник, но во Калифорнија и некои други држави во Америка на овој ден државната администрација е ослободена од работа.