“Блек фрајдеј” на македонски начин - уште од рано наутро, “културни” гужви, попусти и шопинг треска

“Блек фрајдеј” или по наше Црн петок, ги наполни моловите од рано сабајле. Некои од љубопитност, а некои со вистинска намера да си купат нешто по пониска цена, нагрнаа веднаш откако моловите ги отворија вратите.

Но, за разлика од сликите што ги гледаме во Америка каде стампеда од луѓе се втурнуваат по продавниците на овој ден, кај нас купувачите “културно” подранија по некое парче брендирана облека, чевли, накит, мобилен телефон или телевизор по далеку пониски цени од редовните.

Раздвиженост на луѓе по ходниците, речиси секој носеше по некоја кеса, дуќаните преполни со купувачи, иако е работен ден, уште од рано наутро, се е полно со купувачи. 

Откако се отворени вратите во Скопје Сити мол, може да се забележи дека има доста посетители, тука се од раните утрински часови да изберат од оние парчиња што најмногу им се допаѓаат за да не бидат разземени до крајот на денот.

Сцени со тепачки како во Америка, кај нас, но и во Европа, нема.