Говорејќи на протестот „Србија против насилството“, актерот Драган Бјелогрлиќ рече дека на убиените деца во основното училиште „Владислав Рибникар“ им „должиме“ да ја „обезбедиме вистината и правдата“.
„Да создадеме општество кое не бевме во можност да им го обезбедиме во текот на нивниот живот. Тоа е долг што треба да им го платиме, да го платиме на секое дете во Србија и на самите нас“, рече Бјелогрлиќ.
Тој рече дека тагата за изгубените животи ќе трае долго и дека никогаш нема да биде преболена.
Бјелогрлиќ упати порака до младите луѓе, на кој рече дека им дава почит и восхит за „насилството и малтретирањето на кое тие сте изложени од овој изроден режим, на кое тие одговараато со достоинство, мир и љубов“.
„Јас не можам да го правам тоа, признавам, но затоа вие сте подобри од мене. Вие сте подобри од сите нас кои ја оставивме ваква Србија“, рече Бјелогрлиќ.
Тој побара од младите да не ги презираат и исмеваат луѓето „кои беа принудени да влезат во автобусите“, мислејќи на граѓаните кои присуствуваа на митингот на претседателот Александар Вучиќ „Србија на надежта“.
“Ве молам дајте им ја раката, гушнете ги, бидејќи не треба да бидат во автобус, треба да бидат тука, со вас“, рече Бјелогрлиќ.