Блажени се моментите...

Блажени се овие моменти:

Моментот кога ќе сфатиш дека личноста за која се грижиш нема што да понуди интелектуално или духовно, туку само главоболка.

Моментот кога ќе сфатиш дека Бог за тебе имал поголеми планови кои не вклучуваат ноќно плачење или тажни Фејсбук мисли.

Моментот кога ќе престанеш да се споредуваш со другите, затоа што тоа ја поткопува твојата вредност, образование и мудроста на твоите родители.
Моментот кога ги живееш своите соништа, не затоа што тоа нешто ќе докаже или затоа што ќе добиеш нешто од тоа, туку затоа што тоа е она што сакаш да го правиш. Не е важно што мислат другите. 

Моментот кога ќе сфатиш дека никој не ти е напријател, освен ти – самиот на себе. 

Моментот кога ќе сфатиш дека не можеш да имаш сè што ќе посакаш во животот. Но, потребно е време, вистинско срце, вистинско делување, вистинска страст и подготвеност да ризикуваш. Ако тоа го немаш, тоа е затоа што не си имал доволно силна желба, не ти било потребно или Бог те спречил.

Моментот кога ќе сфатиш дека среќата никогаш немала врска со добивање на некоја личност. Тие се само сопатници во постигнување на твојата животна мисија. 

Моментот кога веруваш дека љубовта нема врска со губење или победување. Тоа се само неколку моменти во времето, по кои следи вечноста на ситуациите во кои растеш. 

Моментот кога ќе сфатиш дека секогаш си бил вистинсата личност. Само оние кои не знаат отстапуваат од својата величественост.

  • Шенон Л. Адлер