Бизнис сектор: Скратеното работно време нема да отвори нови работни места

Седумчасовниот работен ден нема да влијае на зголемувањето на вработенста. Експертите сметаат дека предлогот за кратење на работното време треба да се разгледа, бидејќи многу поважна е ефективноста на работникот, отколку работните часови.

За бизнисот овие промени нема да бидат добри. Стопанствениците велат дека можеби за администрацијата ќе имаат позитивен ефект, но ќе трпи стопанството.

Синдикатот на УПОЗ вчера испрати барање неделно да се работи по 35 часа, односно 7 часа дневно, како и втори јануари и втори мај да бидат неработни денови. Еден од главните аргументи за предлогот е дека ќе придонесе до зголемување на вработеноста, а луѓето ќе можат повеќе да се посветат во завршувањето на домашните обврски.

7-часовното работно време е регулирано само во Франција, но постојат и други европски држави, каде се работи помалку од 8 часа дневно.