Бизарно: Трактор се придвижил нанзад и го прегазил во сопствениот двор

Вчера околу 12.50 часот во полициска станица во Радовиш било пријавено дека 69-годишниот К.Е. од Радовиш заработил тешки повреди откако во дворот на неговата куќа стартувал трактор „ИМТ 539“, а откако се симнал, тракторот се придвижил наназад и го удрил.

К.Е. бил пренесен во Општа болница Радовиш, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Од МВР информираат дека увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.