Бизарна несреќа во Гостивар: Пациент дошол во болница со исечен полов орган

Несекојдневна несреќа се случила минатата недела во Гостивар. Пациент со тешки повреди и крварење дошол во општата болница во Гостивар каде што било констатитирано дека му е пресечен половиот орган, дознава Скопје Инфо од извори во болницата.

Пациентот изјавил дека повредата си ја нанел сам. Во полицискиот билтен овој случај е заведен како ““самоповредување“.

Докторите велат дека позади бизарната несреќа се крие друга приказна која пациентот најверојатно не сака да ја сподели со полицијата. Јавноста во Гостивар коментира дека повредата е нанесена од трето лице чии идентит не се открива.