Битолски сирења без адитиви за поздраво уживање

Сирењето е совршено за секоја пригода, од брза закуска до елегантна дегустација со аперитив – и се’ останато помеѓу овие две. Но, покрај тоа што е многу вкусно и хранливо, сирењето е и најразноврсниот млечен продуктчие консумирањеможе да влијае многу позитивно на здравјето во зависност од начинот на кој се произведува.

Некои луѓе внимаваат и ја ограничуваат консумацијата на сирење, најчесто поради мастите и бидејќи се грижат за својата линија, но исто така и поради адитивите кои сирењата ги содржат со цел зголемување на рокот на употреба, подобрување на вкусот или бојата.  Меѓутоа, со правилно применетите модерни технологии на производство на сирење нема потреба од вакви ограничувања, туку напротив, сирењето станува продукт кој позитивно влијае врз добросостојбата на организмот.

Повеќето производители на прехранбени производи во трката за подобар продукт не ги бираат адитивите и нивните количини. Бимилк е една од ретките компании во земјава и регионот кои постојано работат на подобрување на процесот на производство во насока на добивање на поздрави продукти. Па така, Битолските сирења се богати со многу хранливи материи, протеини, калциум, а содржат и многу витамини.

Благодарение на капиталните инвестиции и модернизацијата на технологијата, токму белите сирења на Бимилк се произведуваат од 100% млеко и не содржат конзерванси, емулгатори, суплементи и вештачки бои, со што се едни од најздравите млечни продукти на македонските трпези.Покрајова, сопоследнитенадградбинатехнологијата, вкуснитеБитолскибелисирењаимаатнамаленонивонасолза 20%.

На овој начин Бимилк уште еднаш ја покажува својата стратегија да инвестира во технологиите на производството, со цел подобрување и надградба на своите продукти, а во функција на здравјето на консументите.