Битолчанка со остар предмет го нападнала татко ѝ во семејниот дом

Битолчанка била лишена од слобода откако, според пријава, во семејниот дом со остар предмет го нападнала својот татко и му нанела повреда.

Од МВР информираат дека вчера во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода Г.И. (28) од Битола.

Според пријавеното, 28-годишната жена во семејниот дом го нападнала својот татко со остар предмет, при што му нанела расекотина.

Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.