
Поднесена е кривична пријава против 32-годишна битолчанка откако со нож им се заканувала на нејзините баба и дедо и притоа оштетила и дел од покуќнината.
„СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.К.(32) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 01.07.2024 во домот, по претходна расправија, пријавената со нож се заканила на нејзините дедо и баба, а оштетила и дел од покуќнината“ се вели во билтенот на МВР.