Битолчанка остана без 20.000 евра - измамена со лажен несреќен случај

Измама со лажен несреќен случај во кој е измамена повозрасна битолчанка за сума од 20.000 евра.

Како што информираат од МВР, вчера (03.12.2025) во 10:19 часот во СВР Битола, 70-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило и ја известило дека нејзината ќерка паднала по скали и ја искршило вилицата и ногата и дека требало да и се стават златни шипки. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а подоцна откако ѝ се јавила нејзината ќерка сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.