Битолчанка измамила сограѓанин за 22 илјади евра, се претставила како вработена во МВР и ветувала вработување на синот

Полицијата во Битола, поднела кривична пријава против 43-годишната М.Л. од Битола поради постоење сомнение дека сторила кривично дело измама.

„Имено, пријавената во временскиот период од 15.09.2024 до 15.04.2025, со намера да прибави противправна имотна корист, довела во заблуда 64-годишно лице од Битола односно лажно му се претставила дека е вработена во МВР и дека ќе му помогне неговиот син да се вработи во МВР, како и за други постапки. Оштетениот во повеќе наврати и исплатил пари во вкупен износ од 22 500 евра“, информираат од МВР.