
Вчера во 15.54 часот над с.Крстоар во општина Битола патничко моторно возило „пежо” со битолски таблички управувано од А.В.(25) од Битола, удрило во паркирано возило „шевролет“, сопственост на МВР.
„По преземени мерки, утврдено е дека А.В. не поседува возачка дозвола, а возилото е со измината важност на регистрација повеќе од шест месеци. Од страна на полициските службеници од СВР Битола возилото е одземено, а против А.В. ќе бидет поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.