Битолчанецот кој на својот малолетен син му пуштал порнографија и се самозадоволувал пред него доби кривична пријава

54-годишникот од Битола, кој полово се самозадоволувал и пуштал порнографски содржини пред својот малолетен син и го терал истото да го прави, доби кривична пријава.

Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Битола поднело кривична пријава против Н.М.(54) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг’’ и ,,прикажување на порнографски материјал на дете’’.

Пријавениот во викенд куќа во битолско, во повеќе наврати, вршел полови дејствија пред неговиот малолетен син и му прикажувал видеа со порнографска содржина.