
45-годишен битолчанец бил лишен од слобода откако физички го нападнал својот 74-годишен татко во семејниот дом.
„На 15.10.2026 во 20:35 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Х. (45) од Битола, бидејќи во семејниот дом физички го нападнал неговиот 74-годишен татко“, информираат од МВР.
Од полицијата додаваат дека по документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.