Битолчанец со „ауди“ прегази пешак

Пешак е тешко повреден откако бил удрен од „ауди“ во Битола. 

- На 13.01.2026 во 20:18 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Новачки пат“ во Битола, патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.А.(44) од Битола, удрило во пешакот С.П.(62) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола, известија од МВР во дневниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.