Бислимовски ветува дека неиспорачаната топлинска енергија нема да биде фактурирана

 

Во мај ќе се врши порамнување на долговите на граѓаните за топлинската енергија, но проблем се оние денови кога не беше испорачана во доволни количини, кога имаше потреба од користење на дополнителни грејни тела.

Во однос на неиспорачана топлинска енергија, ниту еден киловат час од оваа неиспорачана топлинска енергија нема да им биде фактуриран на потрошувачите кога ќе се прави порамнување во мај. Ние како Регулаторна комисија добивме многу поплаки од незадоволни корисници на парно греење и голем број беа надминати. Ситуацијата сега е далеку подобрена, но не може да се очекува дека ќе се обезбеди температура од 24-25 степени како што имаше во минатото, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика во „Утрински брифинг“.