Бислимовски повеќе не е претседател на РКЕ, си поднел оставка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска поднесе оставка, дознава порталот Дојче веле.

Како што пишува порталот, Бислимоски утрово со писмо го информирал претседателот на Собранието дека се повлекува од фунцијата на која за првпат беше избран во јуни 2018 година.

Бислимоски во оставката не ги навел причините за повлекувањето, а Дојче веле пренесе дека одлуката не сакале да ја коментираат ни тој, ниту неговите соработници.

За причините засега може само да се шпекулира, доколку се има предвид дека вториот петгодишен мандат на Бислимоски завршуваше во јуни 2028 година. 

Инаку, пред  околу две недели Управата за финансиска полиција (УФП) му поднесе кривична пријава на Бислимоски сомничејќи го за злоупотреба на службената положба и овластување.