Бислимоски: Ние предлагаме да се намали цената на водата во Скопје

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски вели дека скопски Водовод уште минатата година побарал зголемување на цената на водата за над 30 денари.

- Со нашата одлука минималната тарифа за вода за Скопје предлагаме да биде 31,53 денари, тоа е минимално намалување, додека максималната тарифа изнесува 34,82 денари и повисока за девет проценти од постоечката цена која изнесува 32,87 денари, кажа Бислимоски.

жБислимоски кажа дека тарифите ќе бидат доставени до ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, и тие имаат право во рангот на минималната и максималната да формира цена и да ја достави на одобрување во советот на Град Скопје.