Бисквит-колачи со вкус на ванила

Нежен вкус на ванила, крцкави колачи и попладневно уживање со кафе или чај. Лесен рецепт кој можете често да го подготвувате.

Состојки:

Една шолја (од 100 мл) шеќер
120 гр брашно
Една кесичка ванилин шеќер
Две лажички пециво
50 гр путер
50 мл масло

Подготовка:

Рерната вклучете ја на 125 степени. 

Измешајте ги путерот и шеќерот со миксер и после додавајте ги состојките, па замесете тесто. 

Направете топчиња кои малку ќе ги притиснете додека ги редите во тава за печење, на хартија. Оставете простор меѓу нив, за да не се залепат. 

Печете околу 20 минути, но не повеќе од половина час. Треба да излезат светло жолти или бели.