Бисексуалките откриваат како изгледа забавувањето со жените, а како со мажите

Бисексуалките кои ја користат страницата „Reddit“, ја откриле разликата помеѓу излегувањето со мажите и жените и не штеделе на зборови, опишувајќи ги разликите од физичка природа, но и оние подлабоките – психичките, пренесува „Men's Health“.

https://ads.tocka.com.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=1324&campaignid=1101&zoneid=66&loc=1&referer=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F305738%2Fbiseksualkite-otkrivaat-kako-izgleda-zabavuvanjeto-so-zenite-a-kako-so-mazite&cb=4484ce884f„Ова можби е само мое лично искуство, но јас имам многу повеќе самодоверба кога сум со жени, отколку кога сум со мажи“, напишала една корисничка, додавајќи дека во денешно време очекувањата за женскиот изглед се повисоки и дека од нив се очекува премногу.

Истакнала дека жените морат да бидат средени, подготвени и во одлична форма, за да им бидат привлечни на мажите.

„Излегував со неколку мажи кои не разбираа колку се нереални и превисоки нивните очекувања во врска со жените. Жените, од друга страна, подобро ја разбираат ситуацијата, бидејќи и тие живеат во истиот свет и разбираат што сè се случува“, заклучила таа.

Жените кои ја коментирале оваа тема, рекле дека нивните стандарди и потреби се поинакви кога се во прашање мажите и жените.

„Една од работите кои многу ме нервираат е мислењето на мажите дека сексот завршува тогаш кога тие ќе доживеат оргазам. Со жените е поинаку, бидејќи повеќе се фокусираат на тоа да ја задоволат партнерката или партнерот и подолго се задржуваат на предиграта“, објаснила една корисничка.

Некои корисници истакнале дека им е многу полесно да остварат емотивна врска со жена, отколку со маж. Сепак, повеќето се согласиле со тоа дека мажите се многу поедноставни, дека е многу полесно да се разберат и да започнат флерт со нив.

„Со мажите е полесно, веднаш ви е јасно дали им се допаѓате или не, додека со жените тешко е да заклучите дали станува збор за флерт или нешто повеќе од обично пријателство. Мажите се подиректни и не сакаат да го трошат времето на чекање“, заклучиле тие.