Бионтек започнаа да го истражуваат сојот омикрон, за евентуално создавање нова вакцина

Компанијата Бионтек, која заедно со Фајзер создаде вакцина против ковид-19, ги истражува аспектите околу новиот сој, за во случај да треба да се доработи постоечката вакцина. 

Засега потреба од такви активности нема, но не се остава ништо на случајноста. Неодамна Модерна објавија дека ќе ја подобрат нивната вакцина, додека пак рускиот институт Гамалеја чека на поиздржани експериментални податоци, пред евентуално да ја променат формулата на Спутник В.

Бионтек, заедно со Фајзер, создадоа вакцина која важи за високо ефикасна, а се произведува и во доволно количини за да биде една од најупотребуваните во целиот свет.