Билки кои го подобруваат нашето расположение

Многу фактори влијаат на нашето расположение.

Photo by Victor Serban on Unsplash

Но, ако сме нерасположени, за жал, ниту еден суплемент не може сам по себе да ни помогне во тоа. Но, за среќа, постојат одредени билки кои позитивно влијаат на нервниот систем кои го подобруваат нашето расположение и енергија.

Шафран

Шафранот потекнува од цвеќето Crocus sativus. Тој е зачин кој има одлична моќ да го подобри нашето расположение и да го разбуди нашиот ум. Тоа е благодарение на неговите активни состојки кои исто така го подобруваат и нашето кардиоваскуларно здравје. Во некои култури, шафранот се користи од страна на оние кои минуваат низ траума, скршено срце или така. Тоа е така бидејќи го поттикнува лачењето на хормоните серотонин и допамин, познати како хормони на среќата.

Лаванда

Веројатно сите сме слушнале дека лавандата е позната како билка за релаксација, но колкумина од нас ја имаат во својот дом? Маслото од лаванда придонесува за смирување на умот и подобрување на расположението, а помага и кај оние кои се борат со несоница. Тоа е и најдобриот начин да се зема лавандата, бидејќи нејзиниот вкус  на чајот може да биде горчлив за некои луѓе.

Женшен

Коренот од женшен е адаптогена билка која е многу позната во традиционалната кинеска медицина. Таа придонесува за подобра концентрација и енергија, а е одлична за оние кои се соочуваат со проблеми во расположението во текот на денот. Едно истражување спроведено во 2016 година во Јужна Кореја покажало дека додатоците на женшен во исхраната помагаат за подобрена енергија и зголемено чувство на мотивација. 

Лимонова трева

Иако често ја наоѓаме како состојка во мирисите, сепак таа е одлична за намалување на стресот и тензијата. Експертите препорачуваат есенцијално масло кое има огромна моќ да го смири нашето расположение и да ја намали вознемиреноста. 

Ашваганда

Ашвагандата е уште една адаптогена билка која го нормализира стресот и ја зголемува нашата отпорност на стрес. Ако се консумира подолго време, таа ни помага полесно да се носиме со стресот во текот на денот и се препорачува за сите оние кои минуваат низ стресни периоди.

Маточина

Маточината е нашата омилена билка поради нејзиниот убав вкус и мирис. Таа се препорачува да се консумира како чај пред спиење бидејќи ја намалува вознемиреноста, ни помага да ги смириме мислите и да потонеме во длабок сон.