Билките го подобруваат нашиот живот, но ни помагаат и да го одржуваме нашето здравје.
Photo by William Buist on Unsplash
Ова се билките кои имаат моќ да ни помогнат да го намалиме стресот.
Лаванда
Photo by Dorné Marting on Unsplash
Лавандата е позната по својот убав и миризлив цвет, но и ароматични лисја. Грмушката од лаванда лесно се одгледува - засадете ја на пролет, изберете убаво, сончево место и уживајте во цвеќето во топлите летни денови.
Оваа билка е секогаш на врвот на природните средства за ослободување од анксиозност. Најпопуларното есенцијално масло се добива од лаванда. Кога се вдишува редовно, таа помага за подобрување на краткорочната меморија, ни помага да го подобрите расположението и да се ослободиме од стресот.
Јасмин
Photo by Brazil Topno on Unsplash
Два вида јасмин се популарни - летниот и зимскиот, но и двата имаат мали цветови во форма на ѕвезда со исклучителен, сладок мирис. Тој им помага на многумина да се ослободат од анксиозноста и кога имаме јасмин во близина, тоа ни носи мир и спокојство.
На овој прекрасен ползавец му треба топло и сончево место, заштитено од ветрот. Најдобро е да и обезбедите жица на која ќе може да се качува, а во текот на летото нахранете ја оваа билка со ѓубриво богато со калиум.
Рузмарин
Photo by Laura España on Unsplash
Рузмаринот е едно од најпознатите растенија од семејството нане, кое со векови се користи во готвењето, но и во традиционалната медицина.
Оваа грмушка со лисја како игли го сака сонцето, отпорна е на многу временски услови и има мирис што потсетува на Медитеранот. Мирисот на рузмарин го смирува телото и го активира умот, помага во зајакнување на меморијата и ја намалува анксиозноста.