Билки кои ги спречуваат воспалителните процеси во нашето тело

Доброто здравје е резултат на 3 фактори – љубовта кон себеси, позитивните мисли и здравата исхрана. 

Во природата постои цело богатство на билки кои имаат противвоспалително дејство на нашиот организам. Кога ќе почнеме да се грижиме за своето тело со помош на природата, можеме да спречиме многу болести.

Босилек

Оваа билка содржи флавоноиди кои нудат заштита на клетките, како и низа есенцијални масла кои делуваат против штетните бактерии. Еугенолот, заедно со ефектите на кариофелинот се особено корисни за чување на здравјето на дебелото црево. Босилекот можете да го додадете во јадењата кои ги јадете, да направите чај или пак едноставно како додаток во водата која ја пиете во текот на денот.

Ловоров лист

Ловоровиот лист е одличен лек за спречување настинки и решавање на проблемите поврзани со варењето. Тој помага и кај болки во зглобовите, артритис, регулирање на холестеролот и шеќерот во крвта. 

Маточина

Оваа билка има одличен мирис, а помага кај кандидата и ублажување на симптомите од предменструалниот циклус, како и кај несоницата, анксиозноста и го регулира нивото на шеќер во крвта.

Рузмарин

Флавоноидите од рузмаринот делуваат како антиоксиданти, а фенолите од оваа билка придонесуваат за елиминирање на воспаленијата, превенција на инфекции и ублажување на болките. Рузмаринот ги ублажува и болките во мускулите, како и ревматските болки и помага за намалување на шеќерот во крвта.

Жалфија

Жалфијата содржи антиивоспалителни состојки, како што се карнонската киселина која го штити мозокот од негативните ефекти на слободните радикали, како и карнозолот, кој ги спречува воспаленијата поврзани со мозокот. Ако имате гнојна ангина или ве боли грлото, испирањето со жалфија е еден од најмоќните начини да се ослободите од болката.