Билбордите со „шпицниот градоначалник“ се нарачани од СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е нарачател на билбордите кои викендов осамнаа низ главниот град. За „Фокус“, од СДСМ одговориле потврдно на прашањето дали партијата е нарачател на билбодрите. 

-СДСМ на 25 билбори во Скопје само ја покажа вистината која скопјани многу добро ја знаат, тоа се причините за кавгите во ВМРО ДПМНЕ, пари, тендери и рацете во медот, изјавиле од СДСМ за „Фокус“.

Билбордите беа продолжение на јавната „војна“ меѓу градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, партијата која ја поддржа нејзината кандидатура. 

Арсовска на новинарско прашање, денеска рече дека таа не стои позади билбордите и дека не сака да навлегува во политички пресметки.