
Синоќа околу 19:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот од Градско кон Скопје се движи патничко возило „мерцедес“ кое било со регистарски таблички од друго возило.
Како што се наведува во полицискиот билтен, возилото не застанало на знак за запирање и на клучка Миладиновци се вратило назад и продолжило по земјен пат во село Блаце, општина Петровец, каде што удрило во дрво, по што возачот го напуштил местото.
По пребарување на теренот, возилото било пронајдено и во него биле затекнати 12 мигранти, од кои пет од Египет и останатите од Турција.
Мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.