33-годишник од Пробиштип бил фатен со дрога во својот дом додека бил на одмор од затвор.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.В.(33) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 23.02.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, во период кога како осуденик во Казнено - поправната установа Затвор Штип користел годишен одмор, при што биле пронајдени семки од растението канабис и предмети со остатоци од кокаин, информираа од МВР.