Бил истепан и ограбен од обезбедувањето откако во казино во Радишани го искршил стаклото на рулетот

Вчера околу 23.45 часот во СВР Скопје, Е.С. од Скопје пријавил дека во казино во Радишани неколку лица, од кои едно познавал, физички го нападнале и му одзеле пари.

„ Според пријавеното, тој играл рулет и откако добил пари го удрил рулетот и го искршил стаклото, по што за кратко време го викнал вработениот од обезбедувањето во канцеларијата, каде што дошле лицата и физички го нападнале.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.