
42-годишен прилепчанец доби кривична пријава за агресивно однесување и физички напад кон полициски лица.
Во полицискиот билтен се наведува дека ОВР Прилеп поднело кривична пријава против А.Г.(42) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“, „спречување на службено лице при вршење на работи од безбедноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 10.05.2026 во угостителски објект, пријавениот агресивно се однесувал и упатувал закани кон вработените од обезбедувањето, агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеници, кои извршувале службени дејствија.