Биковите ги сакаат овие нешта од своите партнери

Луѓето родени во знакот Бик се постојани, страствени, нежни.Но, често нивната енергија може да биде агресивна и тврдоглава. Така, тие често се многу комплексни личности.

Ова се нештата гои тие ги бараат од  другите луѓе

Некој кој е посветен

Биковите се еден од најголемите заводници во хороскопот. Тие се романтични и едни од најдобрите љубовници на кои ќе наидете. Тие ја сакаат блискоста и сакаат другите да ги почитуваат и да им даваат внимание. Биковите се најсреќни кога се заљубени. Во врските тие настапуваат многу традиционално и обожаваат да излегуваат на старомодни состаноци. Но, сакаат да поминат и многу време дома, гледајќи филмови. Сакаат да одржуваат добра врска и највеќе од се, сакаат личност која ќе направи напор за врската.

Некој кој не се расправа претерано

Една од работите кои треба да ги научите за Биковите е да не се расправате со нив, бидејќи никогаш нема да ги победите. Тие се толку тврдоглави и иако сакаат да одржат добра комуникација во врската, сепак многу сакаат и да победуваат. Биковите точно знаат што сакаат. Нивните аргументи се секогаш подобри од другите и затоа не трудете се премногу да се докажувате.

Некој кој е трпелив

Ним им е потребно да изградат доверба и секој кој сака да го освои своето срце треба да има трпение. Понекогаш делува како со ништо да не можете да ги освоите, но тоа е така бидејќи нив морате бавно да ги освојувате. Потребна им е личност која сака да ги запознае. Штом почнат да ви веруваат, сте го освоиле нивното срце.

Некој кој сака силно

Биковите често размислуваат со својата глава и се многу рационални личности. Ним им треба личност која знае да сака и која е подготвена на ризици за врската. За да најдат љубов, Биковите често патуваат низ светот и се обидуваат да ја сменат перспективата и својот систем на вредности.