Како бомба одекна во регионот дека Федерацијата Босна и Херцеговина ќе спроведе фискални реформи што ќе ја зголемат минималната плата на над 600 евра, скоро двојно повеќе од сегашната. Ваквото зголемување според надлежните се должи на стимулирање на економијата но и намалување на сивата економија, дополнително со новите закони работавачите ќе бидат ослободени од придонеси
Минималната плата во Федерацијата Босна и Херцеговина сега изнесува 619 марки (околу 310 евра), а новата плата ќе биде 1.200 марки. Истовремено, ќе се воведе и систем за фискализација кој ќе ги контролира финансиските трансакции и ќе се бори против даночното затајување.
Во Македонија синдикатот не отстапува од барањето за пораст на минималната ,а со тоа и на останатите плати. Тие бараат зголемување веднаш и истиот да не биде понизок од 27.600 денари. Бараат што поскоро Владата да го свика социо-економскиот совет и вештачки да не ја намалува инфлацијата,за зголемувањето на платите да биде помало. Законскиот рок за пораст на минималецот е март и според пресметките треба да биде повисок за 1.800 денари, согласно порастот на трошоците за живот и просечната плата .
„Очекувам крајот на ноември или почетокот на декември министерот за економија да го закаже социо-економскиот совет и да видиме дали владата има политичка волја да го зголеми минималецот пред Нова Година. Ако сакаме да ја зачуваме куповната моќ на работниците,платите мора да растата. Не може да ја зголемите продуктивноста за 400, 450 евра плата. Март е многу далеку, да не чекаме до тогаш. Можеби барањата тогаш ќе ни бидат и над 450 евра, - изјави Иван Пешевски“, потпреседател на ССМ за Сител.