Бидете во врска со некој кој е подеднакво чуден и неподнослив како вас

Да се биде во врска со чудна личност и не е толку лоша работа. Всушност тоа е многу добра работа. Затоа што, да бидеме искрени, и вие сте чудни. Не сте некоја слика на совршенство. 

Зборувате гласно во ресторани, носите различни чорапи, правите чудни фаци. Се сопнувате и паѓате. Често.

Сите сме чудни на различни начини. Сите правиме работи кои се надвор од општествените норми. И некому секогаш ќе му биде незгодно поради тоа. Наместо да ги криеме нашите чудни навики, треба да се прифатиме себеси. Некои луѓе имаат тенденција да излегуваат со луѓе кои ги контролираат тие навики. Тие се кул, владеат со себе. Тие ставаат чај во филџан со подигнато прсте. Тие никогаш нема да кажат или да направат нешто претерано. Тие презираат бучни и иритантни луѓе кои имаат свое мислење. Тие ја следат толпата. 

А можеби и вам ви одговара да бидете во врска со таква личност. Можеби и вие сте од друга планета. Но, ние чудаците, не можеме да бидеме со некој кој не знае да се шегува на сопствена сметка. Не можеме да бидеме со некој кој се обидува да ги скрие своите чудни навики, кој се обидува да нѐ обликува според своите стандарди. Тие луѓе можат да бидат совршено убави, а можеби и ви се допаѓаат на некој начин. Но, тие се досадни. Сериозно. Зарем мислите дека можете да имате долгорочен, квалитетен однос со некој кој е совршен во секој поглед? Дали мислите дека можете да се заљубите во некој кој не може да го прифати вашиот карактер? Мислам дека одговорот е НЕ. 

Бидете во врска со некој кој е подеднакво чуден и неподнослив како вас. Бидете во врска со некој кој ќе се натпреварува со вас околу тоа кој ќе направи почудна гримаса. Бидете со некој кој збори гласно. Бидете со некој кој има свој сопствен танц. Бидете во врска со личност која ја прифаќа својата индивидуалност. Личност која знае како да се смее на своја, но и на ваша сметка. Бидете во врска со личност со која нема да ви биде незгодно кога ќе направите некоја глупост. Бидете со некој кој нема да ви дозволи да се изгубите себеси и човек кој ве сака поради она што сте.

Изберете личност која навистина живее, која ќе ги сака сите ваши чудни навики. Ваквите личности никогаш нема да ве осудуваат, ниту да ви кажат како треба да се однесувате. Никогаш нема да ви наредуваат, ниту пак да ве обликуваат и стават во некаков шаблон. Тие само ќе ве сакаат.

И реално, тоа е сѐ што ви е потребно.