Бидете внимателни за време на одморите: Мајмунските сипаници „пристигнаа“ и во соседните земји

По корона вирусот, нова епидемиолошка закана се мајмунските сипаници. 

Експертите советуваат да бидете внимателни за време на вашите годишни одмори. 

Посебна претпазливост се советува ако патувате на егзотични дестинации, како централна и западна Африка.

Досега во соседна Грција се регистрирани само два увезени случаи на мајмунски сипаници, додека ниту еден не е регистриран во  Турција поред последниот извештај на Светската здравствена организација од почетокот на овој месец.

Еден случаj е регистриран во Хрватска, два во Бугарија. 

Мајмунските сипаници се потврдени во 780 случаи во земји каде што обично не се наоѓа. Најголем број заразени се регистрирани во Велика Британија, дури 207.

Досега нема пријавено смртни случаи во епидемијата надвор од Африка.