Бидете внимателни: Преку апликакции се крадат лични податоци од Фејсбук

Внимавајте какви податоци објавувате на Фејсбук, апелираат надлежните.

Низ социјалната мрежа обиколува апликација која само со еден клик им покажува на помладите како ќе изгледаат по 50 години години.

За оваа злоупотреба предупредија повеќе корисници на оваа социјална мрежа на нивните профили.

„Внимание! Кажете им на пријателите да не се фаќаат на оваа нова измама. Ова е само трик - колку да се согласите да ги дадете личните податоци, контакти на Фејсбук и-мејл адреса. Не се фаќајте на такви евтини трикови!“, биле пишувањата на неколку јавни личности на своите Фејсбук профили.

Во последните месеци зачестија измамите и по социјалните мрежи. Понекогаш при користење на услугите на незаштитен слободен интернет, хакерите ги крадат контактите од Фејсбук и потоа праќаат пораки со барање за пари на познати и пријателите на нападнатиот профил.