Бидете внимателни додека возите, вчера беа казнети вкупно 280 возачи за брзо возење

Полицијата во рамки на засилените акциски контроли во земјава вчера санционирале 280 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Како што информира МВР, од нив, 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 136 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 144 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.