Бидете внимателни ако патувате кон граничниот премин „Блаце“

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo влажни коловози, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Од вчера од 19.30 часот на магистралниот пат Скопје - Долно Блаце кај м.в „Вражји вир“ сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента поради одрони на камења на неколку места.