Бидете свои

Одете по својот пат. Без оглед на тоа што можеби во моментот ви изгледа нелогичен и не можете да ги видите причините и пошироката слика. Продолжете да одите онаму каде што чувствувате дека треба да одите, бидете сигурни во себе и својот чекор. Чекорете храбро, мирно, со полно срце.

Следете го патот на вашата душа, вашите соништа. Не дозволувајте да ве одвеат немирните води и ветриштата. Не им се предавајте на околностите и грижите. Не се предавајте. Вдишете длабоко и застанете, одморете, оставете нека поминат тие ветришта. Не дозволувајте да ве допрат. 

Сега е многу важно да останете и да бидете свои. Да го задржите мирот и фокусот. Бидете одважни и делувајте според своите чувства и она што сте.

Ако имате сѐ, а немате мир – тогаш немате ништо. 

Тогаш сето тоа е само празна приказна, која наскоро ќе мора да излезе на површина. И сѐ ќе биде потешко за криење.  Порано или подоцна ќе морате да се соочите со вистината. Со личноста која ве гледа во огледалото. И погледнете ја таа личност во очи. 

Затоа, ако чувствувате немир одвнатре, тоа значи дека дошло времето за да нурнете во вашата душа, тоа е повикот на вашата душа да се разбудите, да гледате појасно. 

Послушајте ја. Слушнете што ви зборува. И бидете подготвени да слушнете што има да каже.