Бидете свои и дозволете другите да ве најдат: Уметноста на привлекување на вистинските луѓе

 

Го добиваме она што го даваме. Сите врски кои ги имаме во животот (пријателски, семејни, љубовни) се огледало на односот кој го имаме со самите себе. Кога ќе посакате да запознаете нови, „вистински“ луѓе, што да се прави?

Кога ќе почувствувате дека не сте задоволни со квалитетот на дружбата со оние со кои поминувате најмногу врем, што да направите? Кога ќе почувствувате дека сте подготвени да ја најдете вашата сродна душа, што да направите?

Откривање и запознавање на вистинските луѓе не е лесно, но не е ни комплицирано – ако повеќе верувате во работа на себе и надоградување отколку во случајности – ова е вистинскиот текст за вас!

Бидете она што навистина сте, а не она што другите ви велат да бидете

Често нашите желби се синхронизирани со општествените очекувања, а не со она што навистина го сакаме. Решете се што навистина сакате и работете на тоа. Кога ќе ви биде удобно во ваша кожа, кога ќе почнете да се опуштате и да не размислувате премногу, ќе почнете да ја привлекувате вистинската енергија и вистинските луѓе. Природно ќе си дојдат тие работи.

Замислете си ги своите идеали и бидете конкретни

Не можете да го добиете она што го сакате ако не знаете што сакате. Почнете да размислувате за тоа какви луѓе сакате да имате во животот. Запомнете, вие сте тие кои ги поставуваат правилата. Бидете прецизни околу сѐ (од вашите тајни страсти сѐ до внатрешните стравови). Кога ќе дознаете што барате, се зголемува веројатноста и да го пронајдете тоа.

Научете да ги одбивате луѓето кои не ви одговараат

Најчестата пречка при привлекување на луѓе во нашиот живот е тоа што се обидуваме да им удоволиме на сите. Кога сте она што сте, некои луѓе неминовно ќе бидат одбиени и тоа е сосема океј. Кога ќе почнете да ги сечете од корен односите со луѓе кои не ви одговараат, ќе направите место за вистинските луѓе кои допрво треба да влезат во вашиот живот.

Дозволете другите да ве најдат

Гледајте го тоа на следниот начин: вие сте светилникот кој ги повикува бродовите. Доколку вашето светло не сјае доволно силно, никој нема да биде во состојба да ве најде. Затоа излезете надвор, дозволете другите да ве најдат. Запознавајте се со луѓе и бидете свои. Дајте им шанса на вистинските луѓе да ве пронајдат.

Бидете отворени кон работите пред вас

На крајот на краиштата, работата или љубовта може и нема да дојде во обликот кој сте го очекувале. Но, тоа не мора да биде лоша работа. Доколку сте автентични, обрнете внимание на луѓето кои ви влегуваат во животот. Во овој конкретен момент, постои барем една личност која бара некој како вас, без оглед на тоа дали се работи за клиент, партнер или пријател. Дајте им шанса. Бидете автентични. Покажете им на луѓето точно кои сте за да можат полесно да ве спознаат.