Бидете со маж кој може да се носи со овие работи

Бидете со маж кој никогаш нема да ве нарече луда, дури и ако сте дошле дома плачејќи поради нешто безначајно што се случило на работа.

Дури и кога не разбира зошто сте вознемирени. Тој не мора да разбере. Треба само да знае дека сте вознемирени и дека сака да биде оној кој ќе ве расположи. Тој сака да биде тој што ќе направи повторно да се чувствувате добро – да чувствувате дека сте и повеќе од добро. 

Бидете со маж кој ќе ви помогне да ги решите вашите проблеми, наместо да стои од страна и да гледа како патите. Бидете со маж кој ќе ве потсети дека е во ред да побарате помош. Кој ќе ве потсети дека не сте сами и дека секогаш можете да се потпрете на него. Бидете со маж кој никогаш нема да ве критикува што сте чувствителни. Бидете маж кој го почитува тоа што ги искажувате чувствата наместо да го криете она што се внатре. Бидете со маж кој ја цени вашата подготвеност да бидете отворени со него и знае дека единствената причина што сте отворени е тоа што во целост му верувате. 

Бидете со маж кој одговара на пораките. Бидете со маж кој е подготвен да работи на проблемите наместо да се однесува како да не постојат проблеми. Бидете со маж кој вложува труд во врската, затоа што се грижи за вас и сака врската да трае долго. Бидете со маж кој никогаш нема да направи да се чувствувате како да сте луда или лоша жена.

Бидете со маж кој е подготвен да ги покаже своите чувства. Бидете со маж кој ќе ви дозволи да го видите како плаче. Бидете со маж кој не мисли дека е помалку мажествен ако споделува дел од својата душа со вас. Бидете со маж кој сака да го познавате, целосно, со сите доблести и мани. 

Бидете со маж кој нема никакви ограничувања за неговата љубов кон вас. Бидете со маж кој мисли дека сте убави дури и кога плачете. Бидете со маж кој секогаш ќе ви ги брише солзите затоа што вие сте љубовта на неговиот живот. Затоа што вие сте она што отсекогаш го сакал, дури и многу повеќе од тоа.