Бидете со маж кој ќе ви помогне да ги решите проблемите наместо да стои на страна и да гледа како патите

Бидете со маж кој никогаш нема да ве нарече луда, дури и ако дома сте дошле плачејќи поради нешто безначајно што се случило на работа.

Дури и кога не разбира зошто сте вознемирени. Тој не треба да разбере. Се што треба да знае е дека сте повредени и дека сака да биде тој кој ќе ве орасположи.

Тој сака да биде тој кој ќе направи повторно да се чувствувате добро, да се чувствувате и повеќе од добро.

Бидете со маж кој ќе ве смирува кога ќе му викате на телефонот или компјутерот, наместо да ве исмејува.

Бидете со маж кој ќе ви помогне да ги решите вашите проблеми наместо да стои на страна, гледајќи како патите. Бидете со маж кој ќе ве потсети дека е во ред да побарате помош. Кој ќе ве потсети дека не сте сами и дека секогаш можете да се потпрете на него.

Бидете со маж кој никогаш нема да биде доволно будалест да ве обвинува што понекогаш сте чувствителни. Бидете со маж кој го уважува фактот дека ги изразувате вашите чувства наместо да криете се во себе.

Бидете со маж кој ја цени вашата подготвеност да бидете отворени со него и знае дека единствената причина поради која му ја кажувате вистината е поради тоа што ви е удобно и пријатно со него.

Бидете со маж кој одговара на смс пораките, дури и кога сте лути поради нешто смешно. Бидете со маж кој е подготвен да работи на проблемите кои ги имате со него, наместо да се однесува како проблемите да не постојат.

Бидете со маж кој вложува труд во вашиот однос, затоа што навистина се грижи за вас. Затоа што сака вашиот однос да трае.

Бидете со маж кој никогаш нема да направи да се чувствувате лошо поради тоа што патите од депресија или анксионост. Бидете со маж кој никогаш нема да направи да се чувствувате како психопат. Како луда жена. Како лоша жена.

Бидете со маж кој разбира дека иако сте одговорни за своите постапки, сепак немате секогаш контрола над своите постапки. Понекогаш, вашиот страв ве надвладува и прави да се вознемирувате за работи кои би сакале да не ви пречат.

Бидете со маж кој е подготвен да ги покаже своите чувства. Бидете со маж кој ќе ви дозволи да го видите како плаче откако изгубил драга личност или го погодил некој филм.

 Бидете со маж кој не мисли дека е помалку мажествен ако споделува мали парчиња од својата душа со вас. Бидете со маж кој всушност сака да го знаете, таков каков што е, со сите негови недостатоци и сите негови слабости.

Бидете со маж кој нема никакви ограничувања за неговата љубов кон вас. Бидете со маж кој мисли дека сте убави, дури и кога се гушите од плач.

Бидете со маж кој ќе направи се да ви ги избрка солзите од лицето, затоа што вие сте љубовта на неговиот живот.

Затоа што вие сте се што некогаш сакал и уште повеќе од тоа – толку многу повеќе.