Бидете претпазливи! Повторно повици за наводни сообраќајки со цел изнуда на пари

На социјалните мрежи од утрово се појави апел до граѓаните да бидат претпазливи и да не подпаѓаат на телефонските повици за наводни сообраќајки преку кои се бара изнуда на пари. 

- Активна е и групата која се јавува на телефон и ви кажува дека ваш близок (син,ќерка) направил сообраќајна несреќа и кажува одредена сума дека треба да платите, гласи предупредувањето на Фејсбук. 

За ова сведочи и една скопјанка. 

- Вчера на моите родители на фиксен им се јавиле за мене дека сум направила сообраќајка баш во периодот кога имав обврски околу 18ч (настан во Карев) и не бев во можност да кревам на телефон, среќа внук ми дома се нашол па го земал телефонот и кога прашал кој се јавува му спуштиле, не можел мене да ме добие и му текнало се јавил кај Баже да проверат кај сум и што сум.Мајка ми се изгубила за момент, вика снагата ми ја снема кога слушнав жена како кука и плаче од другата страна. Језиво е дечки какви банди и умови шетаат, споделува оваа скопјанка за страшното икуство.