Бидете посилни од грижите и уживајте во својот живот

Колку време поминуваме размислувајќи за некаков негативен исход кој би можел да ни се случи? Повеќето сигурно поминуваат многу време со вакви мисли. 

Грижење – тоа не е за бесцелно размислување, тоа е сопствено измачување или уште попрецизно – убивање. Замислете го играчот кој излегува на терен со мислата дека ќе изгуби, а искуството досега безброј пати му покажало дека ги има сите предиспозиции за победа. Таков играч може да направи само една работа – да го напушти теренот и со својата одлука да го повика поразот. 

Грижата е војна против здравиот разум, затоа што нѐ уверува во нешто за кое искуството сто пати претходно ни го докажало спротивното, но ние повторно го превртуваме тоа сценарио во нашата глава, затоа што не му веруваме на сопствениот разум.

Грижењето е војна против своите чувства, затоа што со него го будиме она што е најлошо во нас и дозволуваме тоа бавно да нѐ убива, а истовремено со тоа ги уништуваме и најблиските кои наместо да го добиваат најдоброто од нас, го добиваат најлошото. 

Грижењето е војна против својата иднината, затоа што сѐ што сакаме да бидеме, да имаме и да доживееме во иднината го отфрламе уште од самиот старт. Грижењето е синџир за сите наши соништа, синџир со кој прво ги врзуваме, а потоа и ги кршиме и веруваме дека од нив никогаш ништо не ни можело да излезе нешто добро.

Грижењето е војна против својата слобода, затоа што наместо да уживаме во животот носејќи одлуки на основа на тоа што ни го кажува срцето, носиме одлуки на основа на она што ни го кажуваат нашите стравови.

Потребно е еднаш засекогаш да ги надраснеме нашите грижи, да покажеме дека сме позрели и посилни од нив, да ја покажеме дека силата која ја имаме во себе не треба да ја насочиме кон самоуништување, туку кон сосема спротивното – исполнување на нашиот потенцијал. 

Затоа, единствено нешто против кое треба да војуваме е токму грижата и вербата во подобра иднина. Секојдневно и слободно да избираме позитивни мисли и со нив да го одржуваме нашиот ентузијазам и енергија. Да се биде посилен од нив и да уживаме во нашиот живот.