Бидете малку посреќни секој ден

Често читаме различни статии за тоа колку малку ни треба да бидеме среќни, но тоа е навистина така. Потребно ни е само мал дел од нашето време за да се чувствуваме посреќни секој ден.

Носете удобна облека – удобната облека ни помага да се чувствуваме удобно и пријатно, а кога ни е пријатно сме најдобрата верзија од себе. Има смисла, нели?

Пијте кафе – кафето ни дава антиоксиданти и не прави среќни. Топлиот напиток до нас додека се соочуваме со секојдневните обврски ги прави нештата десет пати полесно.

Читајте ги книгите што ги сакате – постојано слушаме дека треба да прочитаме некоја книга. Но, најлесниот  начин да бидеме среќни е да ги читаме книгите кои не прават среќни. Само изберете го својот жанр.

Запишувајте ги убавите нешта за својот живот – купете интересна тетратка и не морате да го запишувате целиот ден во вид на дневник. Запишете ги убавите моменти, омилените стихови, позитивните мисли.

Направете си појадок од време на време – не мора да е нешто специјално. Само уживајте во моментот на приготвување и додадете ги состојките кои ви се омилени. Тоа ќе ви помогне да се чувствувате подобро, ви ветуваме.

Не се објаснувајте пред другите луѓе – оние кои веќе ве познаваат добро не бараат никакво извинување. А, на оние другите тоа не им е воопшто важно.

Не ја потценувајте моќта на еден мал момент – може да ви донесе нова омилена личност во вашиот живот, може да ви помогне да решите одреден проблем, да сретнете другар од минатото.

Дозволете си понекогаш да не се грижите за ништо – понекогаш во одредени моменти, дозволете си да не се замарате со ништо, да не се оптеретувате да бидете совршени и да бидете постојано задоволни.

Испратете им порака на оние кои ви значат – пишете им порака на оние кои ги сакате, кажете им дека мислите на нив.

Прошетајте – само пуштете ги мислите и прошетајте.

Купете си цвеќе – вашето омилено цвеќе, нешто што ќе донесе убав и свеж мирис во вашиод дом.