Бидете хумани - На девојче од градинката „Буба Мара“ ѝ се потребни средства за лекување

Од градинката „Буба Мара“ на подрачјето на Аеродром упатија апел за помош на едно мало девојче. 

-Почитувани вработени и родители/старатели. На детенце згрижено во нашата градинка и е дијагностицирана леукемија. Во моментот е на лекување во Љубљана. Ве молиме кој колку може да помогне со парични средства. Во секој објект ќе бидат поставени кутии за донации. Да бидеме хумани, да спасиме живот, се наведува во нивната објава. 

Покажете ја вашата хуманост, донирајте за лекување на малото девојче.