Бидете добри луѓе и ќе бидете среќни

Ние сме главните актери во нашите животи. Ние бираме какви луѓе ќе бидеме и кого ќе имаме околу нас. Животот нѐ обликува, ни носи некои луѓе во животот, добри или помалку добри, како учители. Животот ни дава искуства од кои треба да учиме, ни отвора или затвора врати, но на крај сѐ се сведува на нашиот избор. Сѐ што ни се случува се случува со причина. Ние бираме како ќе ги искористиме тие искуства и дали ќе научиме нешто од нив. Ние одлучуваме како ќе го искористиме она што ќе налета на нашиот пат, она што животот ќе ни го сервира. Сето тоа се лекции. Можеме да ги искористиме и да станеме помудри, попаметни и подобри луѓе. Можеме да научиме да уживаме во малите животни радости, да му се радуваме на секој нов ден и на секоја нова насмевка. 

Можеме да научиме што е лоши за нас и да го исфрлиме тоа од нашиот живот. Сѐ што е негативно и сѐ што ни носи немир можеме да го отстраниме од животот. Ова особено важи за лошите луѓе. Ние никогаш не губиме. Секоја загуба можеме да ја гледаме како благослов. Знаете како кога некој ќе ве предаде, а вие тагувате и сте разочарани? Еј, не тагувајте, ако таа личност требала да биде во вашиот живот, тогаш не би ве предала, не би ви нанеле болка. Навреме сте увиделе за каква личност се работи. Сѐ што ни се случува е за наше добро, да научиме нешто, да откриеме, да сфатиме. Од нас зависи како ќе го искористиме сето тоа. 

Дали ќе ни дојде памет? Користете ги своите искуства, но без злоба, без одмаздување, затоа што ако го правите тоа, значи дека не сте научиле ништо. Единствените луѓе на кои треба „да им вратите со иста мера“ се луѓето кои ви помогнале. Животот ни го дава она што ни е потребно за да напредуваме и да научиме нешто, а ние одбираме што ќе правиме со тоа. Опкружете се со добрина, насмевки, весели бои и луѓе, а отфрлете го сето она што е лошо. Одберете добрина!

Бидете добри луѓе, чесни, искрени, насмеани, без лаги, манипулации, игри, одмазда, злоба... Кога ќе го отфрлиме сето она што е негативно, пред сѐ негативните луѓе, ќе почнат да ни се случуваат добри работи. Сосема логично. А наше право и обврска е да носиме одлуки кои се добри за нас. Тоа е наше право кое никој не може да ни го одземе. Исфрлете ги негативните луѓе од животот, тие само ви покажале какви не треба да бидете. На нас е да бидеме добри ученици. 

Ние носиме одлуки, не е важно што мислат другите, запомнете го тоа. Понекогаш мораме да се слушаме себеси и да бидеме океј со тоа дека никој друг не нѐ разбира. Ние најдобро знаеме што е добро за нас.

Бидете добри луѓе и ќе бидете среќни!