Библиотеката „Браќа Миладиновци“ одбележува 20 години од смртта на Видое Подгорец

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје ќе се одржи Книжевнo пладне по повод 20 години од смртта на поетот, раскажувач и романсиер за деца Видое Подгорец.

Чествувањето ќе се одржи на 28 септември (четврток) со почеток во 12.30 часот во спомен-собата на Миладиновци во Библиотеката.

За делото на Подгорец ќе зборува проф. д-р Кристина Николовска, а делови од неговото творештво ќе интерпретираат ученици од ОУ „Коле Неделковски“ од Скопје.

Делата на Подгорец се преведени на повеќе јазици, а романот „Белото Циганче“ е преведен на петнаесет јазици. Подгорец е составувач на антологиите „Антологија на современата македонска поезија за деца“ и „Антологија на современата македонска проза за деца“. Добитник е на наградите: „Младо поколение“, „13 Ноември“ и „Климент Охридски“.